fbpx
Вести

Лозари протестираат поради неплатено грозје од неколку реколти

lozje

Лозари протестираат денеска пред винаријата „Стефани“ во Кавадарци, барајќи си ги заостанатите пари за предаденото грозје од 2010 година наваму.

Лозари протестираат денеска пред винаријата „Стефани“ во Кавадарци, барајќи си ги заостанатите пари за предаденото грозје од 2010 година наваму.

Рекоа дека бараат да се сменат состојбите во лозаровинарскиот сектор и Законот за вино донесен од претходната власт. Револтирани се бидејќи досега имало смена на сопственичката структура во винаријата, па не знаеле како да си ги наплатат побарувањата.

– Јас сум иницијатор за формирање на ново Здружение на лозари. Бараме да дојде министерот и да разговараме како понатаму со овие земјоделци. Да не одиме да блокираме патишта и да не преземаме радикални мерки – рече Трајче Кулев, кој побарува околу 2.500 евра, но појасни дека има и такви кои имаат за земање и по пет и десет илјади евра за неплатено грозје од претходните неколку години.

 

Според него, само оваа винарија им должела на лозарите можеби и до милион евра. Не знаеле каде да се обратат повеќе и ќе протестираат се до конечна исплата на родот. Нагласи дека протестот нема политичка позадина туку е борба против винската мафија. Повика да им се придружат лозари од цела Македонија, кои побаруваат пари од било која винарница. Се закани дека ако вака се продолжи, идниот род наместо во винариите, ќе заврши пред општината и доловите.

Лозарот Златко Стојчев кој има 65 години и располага со 300 декари лозје, соопшти дека во 2015 година предал 200 тони грозје во таа винарија, а платени му биле само 30. Сега побарувал уште 30 илјади евра.

Дане Јошев рече дека сите винарии секоја година си прават по ново оро, по една винарија излегува да ги зафркне земјоделците.


 

plusinfo.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close