Лозарите бараат гаранции дека винарниците ќе им го исплатат родот

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Винарниците да бидат како откупувачите на тутун, во иднина кога ќе купуваат грозје, да покажат дека имаат пари на сметката или обезбедени кредити за плаќање на родот од лозјата. Ова е единственото решение за надминување на повеќегодишниот проблем што лозаро-производителите го имаат со нередовната исплата на грозјето, вели лидерот на лозарите Љупчо Аризанов. Моментно и покрај тоа што е поминат рокот за исплата на родот, пари добиле само половина од тие што го дале грозјето.

lozarite baraat garancii deka vinariite kje im go isplatat rodot

 

Аризанов смета дека е потребно брзо решение.

– Само на ваков начин лозарите ќе се ослободат од главоболката кому да му го продадат своето грозје. Затоа за време на гроздобер, најголемата дилема е кој од откупувачите е најсериозен кога ветува навремена исплата на грозјето и дали може да мусе верува. Во спротивно, повторно ќе ни се случува тоа што го имаме сега, законскиот рок за исплата на грозјето помина, а исплатени се само околу 54 проценти од откупениот род од минатата година вели Аризанов.

Тој нагласува дека има винарски визби кои целосно навреме го исплатуваат грозјето што го откупиле, но и такви што на лозарите не им дале ниту денар за нивната мака. Всушност, се тврди, поминаа месеци откако се наполнети винарниците, а исплата нема.

– Според мене, а тоа мислење го делат и лозаро-производителите, годинава повторно како и години пред тоа, процентот на наплата на грозјето од страна на винарниците е катастрофален. А на производителите на грозје парите за предадениот род минатата година им се повеќе од неопходни. Тие немаат пари за егзистенција, а да не зборуваме за тоа дека во полн ек е годинашново производство и недостигаат пари за орање, заштита на лозјата и слично кажува претседателот на регионалниот Сојуз на лозарите Агротиквешија.

Според неговите сознанија, причината за неисплатеното грозје меѓу другото лежела и во фактот што некои од винарските визби имале големи резерви вино поради неговата отежната продажба. Ова го потврдија и дел од винарниците со кои разговаравме.

– Нема интерес за виното. Од 37 милиони и 700 литри квота на македонско наливно вино кое може да се извезе без царина во земјите од Европската Унија оваа година, само 16 милиони е извезено. За разлика од пред некоја година кога таа квота беше исполнета до средината на февруари. Причината е во тоа што другите земји нудат поевтино вино. Дел од грозјето исто така изминативе две години не беше со најдобар квалитет, па од него не можеше да се добие и квалитетот што го посакувавме велат од една македонска голема винарница.

Оттаму нагласуваат дека годинава, исто така, се очекува многу родна година, што ќе биде дополнителен проблем винарниците да го откупат целото грозје од лозјата.

Share Button