fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВиноТоп вести

Лозарите бараат интервентна мерка 5 денари по кг. од Министерство велат даваме повеќе

МЗШВ-Мерка која ја предлагаме дава двојно поголема поддршка од онаа која лозарите од протестот ја упатуваат

Поради ниската откупна цена на винското грозје, берба 2023, бараме интервентна мерка од пет денари по килограм грозје помош од државата за откупеното грозје, продадено во винарија или откупен пункт. Исплата на субвенциите за одржување на лозов насад по старо, 40.000 денари до хектар и 48.000 денари над хектар. Прогласување на елементарна непогода од болеста пламеница, која беше предизвикана од постојаните врнежи на дожд во месеците мај и јуни, со што родот е намален за повеќе од 50 проценти, бараме обесштетување од државата, соопштија лозарите на протестот.

Од МЗШВ велат најавија  мерка за поддршка на сите лозари

Со оваа мерка се дава поддршка на лозарите за произведено винско, но и за прв пат, со поддршка и за произведено трпезно грозје од најмалку 12.000 денари по хектар. Мерка која ја предлагаме дава двојно поголема поддршка од онаа која лозарите од протестот ја упатуваат како барање за 2 денари по килограм. Мерката која ја предлагаме за прв пат ги опфаќа сите лозаропроизводители.

Веднаш по завршување на бербата, добивајќи ги точните бројки, до Владата на усвојување ќе ја предложиме мерката. Заедно и овој предизвик ќе го поминеме.

Лозарите до крајот на годината, покрај оваа допопнителна поддршка, добиваат и 12.000 денари, авансна исплата на 30% од субвенциите за тековната 2023 година, а остатокот од 28.000 денари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун.

Со новиот модел за субвенционорање, кој од оваа годона старуваше, за лозарите нема услов за минимални количини на произведено и набрано грозје, па затоа сите лозари независно од тоа колкава количина грозје произвеле, ќе ги добијат преостанатите 28.000 денари со поднесена изјава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close