fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Лозарите добиваат 60.000 денари по хектар за семејни земјоделски стопанства за винско грозје

5.000 денари по хектар за Станушина. МЗШВ со посебна програма за финансиска поддршка во развој на лозарството и винарството

Владата со поголема поддршка на лозарите за остварено производство на грозје.

-Ваквата мерка е во насока за постигнување на поставените цели од Стратегијата за развој на лозарството и винарството, зголемување на производството флаширано вино, зголемен квалитет на македонското вино и неговата вредност на странските пазари. Поддршка од 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, ќе има за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, најдоцна до 30 април 2024 година со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари. Од кои, 12.000 денари авансно и 48.000 денари дополнителна поддршка, рече министерот Љупчо Николовски.

Ги охрабруваме, посочи, производителите на винско грозје и винарските визби, уште во период на првите агротехнички мерки, да го договорат начинот на одгледување на лозовите насади. Со цел добивање на суровина за производство на високо квалитетни вина, кои ќе бидат препознаени на странските пазари и ќе постигнат цена, што ќе ги задоволи и производителите на вино и производителите на грозје.

-Зголемената поддршка е само почеток во низата на мерки за развој на лозарството и винарството. Имајќи во предвид дека со новиот закон за вино, кој е веќе во собраниска постапка, предвидуваме посебна програма за финансиска поддршка во развој на лозарството и винарството. Програма каде се предвидуваат дополнителни мерки согласно политиките на Европската Унија, за одржување и развој на лозарството и винарството, посочи Николовски.

Поддршка за лозарите, преку програмата за рурален развој, истакна, обезбедуваме во зачувување на нашата македонска автохтона винска лоза Станушина.

-Поддршката се реализира преку програмата за директни плаќања, во висина од 5.000 денари, по хектар. Корисници се земјоделски стопанства, кои имаат засадена минимална површина од 0,2 хектара со автохтоната сорта Станушина, прецизира Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close