fbpx
ВестиТоп вести

Лозарите од Тиквешијата од денес на протест за реални откупни цени на грозјето

 

Незадоволни од винарските визби лозарите од Тиквешијата одлучија од денес да излезат на протести. Регионалното здружение „Напредни лозари“ од Кавадарци протестот го закажа за вечер пред општината во Кавадарци.

Лозарите сметаат дека се уценети од винарските визби околу годинешниот откуп. Тие бараат цената на Смедеревката да не биде под 16 ден, а Вранецот да не биде под 18 ден. за килограм.

Бараат помош од државата да ги заштити. Доколку се случи откупната цена да биде помала од производната државата да интервенира. Од министерството велата дека не може да влијаат околу формирањето на цената бидејќи таа зависи од економските параметри на пазарот и дека додека не заврши откупот не може да интервенираат.

Лозарите велат дека доколку не се најде решение за нивните проблеми протестите од плоштадот ќе ги пренесат на патиштата. Протестите ги организираат под мотото „За реални откупни цени на грозјето“

Павлина Јовановска

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close