fbpx
Вести

Лозарите тријат раце: чекаат одлична реколта, а винариите бараат килограм повеќе

Побарувачката на македонското вино се зголемува, како на домашниот така и на странскиот пазар.

Токму поради тоа, винариите и оваа година како и претходните бараа килограм повеќе од годинашната реколта од винското грозје. Производителите на винско грозје, пак годинава може да се пофалат со многу добра берба, која ги задоволи нивните и барањата на винариите и по квалитет и по квантитет.

lozarite trijat race chekaat odlichna rekolta a vinariite baraat kilogram povekje

 

Годинава може да се очекува зголемено производство и извоз на вино со оглед на тоа што минатата година и покрај лошата берба винарските визби остварија солидни финансиски резултати од работењето.

Од Винарската визба „Сковин“ потврдуваат дека со оглед на добрата реколта годинава очекуваат поголема продажба и побарувачка за македонското вино, како од странство, каде се бара наливно вино, така и на вино во шишиња за домашниот пазар.

– Немавме проблеми со продажбата на винското грозје. Годинашната реколта која беше многу квалитетна се откупи за рекордно брзо време. Очекуваме и годинава да имаме добра берба и да немаме проблеми со откуп на винското грозје, вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Според него, откупот на винското грозје годинава се одвивал без проблеми, а слична е ситуацијата со исплатата на откупените количини. Поголем дел од винарските визби веќе ги имаат исплатено откупените количини, а има две визби кои се уште должат пари. Исплатата на винското грозје е реализирана околу 60 отсто, а според информациите од визбите, парите во најголем дел ќе бидат обезбедени и пред законскиот рок, 31 април.

– Плаќањето се уште не е завршено во целост има уште две визби кои должат пари и кои се уште не ја извршиле исплатата на откупените количини. Имаме сугестии до винариите за побрза исплата, бидејќи лозарите имаат потреба од финансиски средства за набавка на репроматерија и непречено одвивање на производството, вели Шаклев.

И од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сметаат дека со скратување на рокот на исплата на откупеното винско грозје од шест на три месеци во иднина лозарите нема да имаат проблем со исплатата. Според информациите, не се очекува да има некои поголеми проблеми околу исплатата на се уште неплатеното грозје, бидејќи се работи за етаблирани винарии кои бараат поголеми количини, изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски.

И покрај тоа што лошата берба минатата година се одрази на квалитетот на виното, винарските визби во Македонија успеаја да ги зголемат приходите од продажба како на домашен, така и на странски пазари. Дел од нив, пак, и покрај условите на пазарот успеале да освојат и нови пазари и да го зголемат пласманот на македонско вино во Кина и САД.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close