вестиМакедонијаТоп вести

Заостанатите субвенции за млеко ќе се исплаќаат со новиот ребаланс на буџетот на РСМ

Веста за исплатата на заостанатите субвенции за млеко први ја дознаа сточари од Пелагонискиот регион кои денеска беа на средба во МЗШВ.
Во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се оддежа состанок на министерот Арјанит Хоџа со производителите на млеко од Пелагонискиот регион.
На средбата на која присуствуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој Николче Бабовски, стана збор за состојбата во која се наоѓа млекопроизводството, цената на млекото и стратегијата на Владата за овој важен сектор.
Министерот Хоџа информираше дека со новиот ребаланс на буџетот на Република Северна Македонија, кој е усвоен од Владата, предвидени се финансиски средства за исплата на сите мерки од 2019 година вклучително и мерката за предадено млеко во преработувачки капацитети.
Министерот Хоџа потсети на досегашните мерки кои се донесени за помош на млекопроизводството, а тоа се ,огласи за доделување на земјиште наменети за сточарите, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за грло добиток.
Се дискутираше и за средствата од Ипард програмата наменети за модернизирање на фармите и за нова технологија.
Беше истакната и важноста од поголема едукација на сточарите за да произведуваат квалитетно млеко кое автоматски ќе им ја зголеми откупната цена која се одредува во зависност од класата на млекото.

Слични написи

Back to top button
Close