fbpx
ВестиСовети

Лозарство – календар за месец Март

lozje

Во март се засадуваат нови лозја. За таа цел се избира здрав посадочен материјал и растојанија кои овозможуваат нормален развој на лозата и спроведување потребните агротехнички мерки.

Продолжува резидбата. Болните, исушените и заразени од бактериски рак лози се искоренуваат и согоруваат, а местото треба да се дезинфицира со 2% формалин по 25 л/м2.

Почнува пресадувањето на нови лози на празните места. Се започнува со првите третирања против болести и штетници со соодветни пестициди.

При поволни услови може да се врши кроење на лозите, како и изнесување на лозови прачки. По потреба се врши санација на конструкцијата. Се внесува потребното количество ѓубрива и се врши обработка на почвата.

Слични написи

Back to top button
Close