fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Тутунари до министерот Николовски-Со ваква политика и овие цени тутунопроизводството ќе згасне

Средбата во Радовиш направи револт кај тутунарите

Јавно соопштение во врска со вчерашниот  состанок во Радовиш на министерот за земјоделие Љупчо Николоски со откупувачи и тутунари.

 

Вчера  во Радовиш министерот и преставници на откупувачите во присуство на СЗЗ и други политички личности одржаа тематска средба за тутунот, предлог мерки и решенија, цена на тутун и сл. Иако првично средбата јавно беше закажана со почеток од 11,30 часот, но поради за нив познати причини средбата била поместена за 1 час порано, што  според она што се случи на неа била планирана да се одржи со одбрани статисти и да им се оневозможи присуство на вистинските тутунари кои ќе ја кажат вистината за тутунопроизводството и земјоделието воопшто. Иако како здруженија не бевме поканети на оваа средба ние самоиницијативно се појавивме на овој настан се со цел јавно да го кажеме и пренесиме мислењето на тутунарите, а тоа е дека со ваква политика и овие цени тутунопроизводството ќе згасне. Не дозволувањето од страна на министерот во целост да ги искажеме сите проблеми како и да понудиме решенија за состојбата и неговото неприфаќање на нашите барања како максималистички само ја покажа неговата лична ароганција кон нас тутунарите како и кон сите земјоделци со што во вода паѓаат сите негови јавно декларирани ставови дека работи за доброто на земјоделците и државата.

И затоа јавно го прашуваме министерот: Дали мислите дека со поканети „статисти и аминџии“ ќе ги решите проблемите во земјоделието?

Новоформирани тутунски здруженија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close