fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Лозарство- винова лоза

 

Виновата лоза е една од економски најзначајните земјоделски култури во светот. Според статистиката на организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации, вкупната површина под лозови насади во светот изнесува 7,5 милиони хектари, а производството на грозје повеќе од 77 милиони тони. Лозарството во Р.Македонија е една од најзначајните гранки на земјоделското производство. Кај нас, лозарството заедно со производството на вино придонесува со околу 20 % од земјоделскиотБДП. Вкупната површина под лозови насади, според годишниот извештај за земјоделство и рурален развој за 2016 година, изнесувала 23.192 хектари, а производството на грозје 333.319 тони.

Виновата лоза, како и сите други културни растенија ја напаѓаат и оштетуваат голем број на штетни организми, кои со заедничко име ги нарекуваме биолошки штетни агенси. Овие штетни агенси вклучуваат микроорганизми (габи, бактерии, вируси и фитоплазми) кои се причинители на болести кај виновата лоза, штетни инсекти, и плевели. Како најзначајни болести на виновата лоза кои може да предизвикаат значајни економски штети и против кои редовно мораме да превземаме мерки за нивно сузбивање се причинителот на пламеница, пепелница, сиво гниење, црна дамкавост, црно гниење. Од штетните инсекти во наши услови од најголемо значење се гроздовите молци, цикадите кои се познати и како вектори на фитоплазми, трипсите кои осебно причинуваат штети кај трпезните сорти на грозје, штитестите вошки.

Plasmoparaviticola – пламеница на винова лоза

Пламеницата на виновата лоза е болест која може да нанесе големи штети во производството на грозје. Европската лоза не може да се одгледува без да се врши заштита против оваа болест. Во раните периоди, кога за заштита се користеле само контактни фунгициди, многу често штетите од оваа болест изнесувале од 80 до 100%. Со воведувањето на системичните фунгициди во осумдесетите години, штетноста на пламеницата е намалена бидејќи овие фунгициди во извесен степен делуваат и куративно. Причинителот на пламеница во наши условисе јавува скоро секоја година, и предизвикува поголеми или помали штети, во зависност од климатските услови но и од превземените мерки за нејзино сузбивање.  Ги напаѓа сите зелени делови на виновата лоза: листовите, младите ластари, цветовите, петелката, витиците и зрната. Оваа болест најмногу ги зафаќа листовите. Тие се најосетливи во фаза на интензивен пораст (крај на мај и почеток на јуни) и повторно при крај на вегетацијата во фаза на зреење (август и септември). На листовите се јавуваат светлозелени до жолти зони, таканаречени маслени дамки, кои постепено се зголемуваат и достигнуваат во дијаметар од 1-3 cm. На опачината на листот во оквир на дамките, во оптимални услови (ноќна температура над 12°C и RH на воздухот над 90%), се појавува бела превлака сочинета од конидиофори и конидии на паразитот. Заразените листови се извор на зараза на останатите зелени органи. Цветовите може да бидат заразени и пред нивното отварање.  Во поволни услови на влажност и температура цветот, дел од цветот или цело соцветие, се прекриени со мицелсика превлака, тие некротизираат и пропаѓаат. Зрната може да бидат заразени од нивното формирање па до прошарок. Сузбивањето на оваа болест се состои во примена на преветивни мерки како што се отстранување на заразените делови на лозата заради намалување на изворот на заразаи дренирање на почвата. Но сепак, хемиското сузбивање е најзначајна мерка во заштитата на лозата од оваа болест, и без соодветна примена на фунгициди извесни се и сигурни големи загуби во приносот.Во фенофаза на интензивен пораст, и во фенофаза пред и после цветање кога виновата лоза е најосетлива на инфекции неопходно е да се применуваат комбинирани контактни и системични фунгициди. Во овие фенофази препорачуваме примена на некој од комбинираните контактно системични фунгициди:MILDICUT SC, DELAN PRO, PROFILUXWG, VALIS M, EMENDO F.

Uncinulanecatorпепелница на винова лоза

U.necatorможе да ги зарази сите зелени ткива на виновата лоза.Габата предизвикува пепеласто-сива до бела превлака на нападнатите растителни ткива, која ја сочинуваат мицелијата и конидиите на габата. Од заразените окца од претходната година потеруваат т.н.-“бели ластари” покриени со пепеласто-сива до бела превлака, со деформирани листови кои се свиткани нагоре. Листовите може да бидат заразени во сите стадиуми на развој, од штотуку отворени до потполно развиени. Присуството на габата на листовите, најавува силен напад на гроздовите. Цветот може да биде нападнат уште пред неговото отварање. Најзначајни се штетите на зрната. Тие може да бидат нападнати од нивното заврзување па се до прошарокот. После оплодувањето, кога зрната ќе достигнат големина од 2-3 mm, можат да бидат потполно покриени со пепеласта превлака од мицелија и оидиина габата. Зрната изгледаат како да се покриени со пепел и од тука доаѓа и името пепелница. Доколку зрната се нападнати непосредно после цветањето, со карактеристичната превлака настануваат пукнатини на зрната. Сузбивањето на прицинителот на пепелница на виновата лоза се врши исклучиво со примена на фунгициди. Со заштита против оваа болест треба да се започне со самото потерување на окцата, односно кога виновата лоза е во фаза на 3 листа, или кога ластарите се во должина од 5-10 cm. Во оваа фенофаза најдобро е да користи фунгицидот KARATHANE GOLD (meptildinokap), којделуваконтактно, а споредмеханизмотнаделување е мултисајтинхибитор и порадитоанепостоиризикодпојаванарезистентност. На причинителот на пепелница делува превентивно, куративно и ерадикативно.KARATHANE GOLD e единствен фунгицид наменет за сузбивање на пепелница кој има наjдобро делување на ниски температури, така што започнува да делува на температура од 5C.Во фенофаза на формирање на ресите третираме со SYSTHANE 20 EW, а пред почеток на цветање третираме со фунгицидотEMINENT 125 ME. Заради подобро куративно и ерадикативно делување, и со цел да се намали ризикот за појава на резистентност, овие два фунгицида може да се комбинараат со фунгицидот KARATHANE GOLD. Во фенофаза на прецветување третираме со фунгицидотCOLLIS кој поседува дополнително делување на сивото гниење.

 

 

Botrytis cinereaсиво гниење на грозјето

  1. cinereaпаразитира повеќе од 235 растителни видови. Предизвикува сиво гниење на многу економски значајни растенија како градинаски култури, украсни растенија, винова лоза и овошки.B. cinereaе една од најзначајните патогени габи на виновата лоза. Таа го предизвикува сивото гниење на грозјето.Штетите може да бидат големи, а приносот може да биде намален од 10, 50 па и до 100%.Друг облик на штета од овој патоген вид, се манифестира преку лош квалитет на ширата, односно виното. За сузбивање на овој патоген неопходна е примена на соодветни фунгициди. Фунгицидите за сузбивање на B. cinereaовозможуваат подобра ефикасност и контрола на болеста кога се аплицираат превентивно отколку постинфекциски (куративно). Aпликацијата на фунгицидите за сузбивање на сивото гниење кај виновата лоза најчесто се состои од три до четири превентивни третирања и тоа: во фазата на прецветување, пред затварaње на грозд, во фазата на прошарок и пред бербата. Во фаза на прецветување го препорачуваме фунгицидот PAPYRUS.

Lobesiabotranaсив гроздов молец

Сивоиот гроздов молец е економски најзначаен штетник на виновата лоза кај нас, и поради тоа целата заштита против штетни инсекти се конципира според овој штетник. Во наши услови развива 3 генерации годишно. Презимува како кукла во почвата или под кората на стеблото, а летот на пеперутките од првата генерација започнува на крај од месец март. Максималниот лет на пеперутките е во месец мај, кога виновата лоза е во фенофаза пред почеток на цветање или цветање. За сузбивање на ларвите и имагата од првата генерација го препорачуваме инсектицидот RELDAN 22 EC, кој покрај гроздовите молци ефикасно ги сузбива цикадите и штитестите вошки.

 

 

 

М-р. Васко Манев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close