fbpx
Агро бизнисВестиДвор и градинаМакедонијаМлад земјоделецРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Лубениците на газда Митат од Будаково заминаа за Германија и Норвешка

Откупната цена е 12 денари по кг, а треба да е најмалку 15 денари. Ќарот го јадат трговците, вели нашиот земјоделец.

Слатките лубениците од нивите во Будаково, Пелагонија на газда Митат Исамиловски заминуваат на откуп во две европски земји. Откупот е  во тек, а се очекува да се набере род од 30 тони. Ова се посебна сорта на лубеници, исклучително благи со висок процент на шеќерност, вели Исмаиловски.

-Лубениците одат на откуп за Норвешка и Германија по цена од 12 денари за килограм. На еден хектар приносите се очекуваат да бидат околу 30 тони лубеници. Но, сметам дека откупната цена  е ниска и треба да биде околу 15 денари, бидејќи секој еден корен го платив по 40 денари.  Каде се тука останатите трошоци за производство и работната рака, оти се само работиме, целата фамилија е ангажирана“, вели Митат Исамаиловски за Зелена берза zelenaberza.com.mk и нагласува дека во Македонија има луѓе кои сакаат да работат земјоделие, но трговците им го јадат ќарот на вистинските земјоделци.

-Во Македонија има луѓе што сакаат да работат земјоделие, ама трговците му го земаат ќарот. Се сами работиме за да постигниме. Се е професионално сработено, но трудот не ни е платен“, вели големиот земјоделец, кој на стотици хектари плодна земја во Палегонија  произведува храна и тутун.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close