fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Луѓето се иселуваат и поради партизацијата на државата, а не само поради парите

Ангел Димитров од Организација на работодавачи

Кај нас многу се пазарува во готовина и тие пари никој не може да ги следи се следат само тековните сметки. Затоа треба да се вклучат институциите и да ги проверат невработените и текот на парите, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Не смееме да седиме со скрстени раце оти иднината не ни е добра. Половина буџет ќе ни оди на пензии и такви трансакции, вели Димитров. – Плаќањето е една работа, но има и друг проблем а тоа е партизацијата на општеството, нееднаквоста пред законите, немањето право па си заминуваат и луѓе кои не се социјално загрозени, додава тој.

Има и други Македонци кои почнуваат да формираат агенции за вработување на луѓе од Далечниот Исток, но и тие луѓе што ќе дојдат тука наскоро ќе си заминат во Европа.

– Кога би имале квалификувана работна сила во Македонија, ќе доаѓаат и пософистицирани индустрии од странство во кои работниците ќе бидат подобро платени, вели Димитров и додава дека во групата невработени има најмногу со недовршено основно или со основно образование.https://24.mk/details/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close