fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Официјално-Просечна цена на откупениот тутун е 188,5 денари, потврдува Шапуриќ.

Заклучно со вчера се откупени 8.300 тони тутун.

Заклучно со вчера се откупени 8.300 тони. Просечна цена на откупениот тутун е 188, 5 денари, потврди за Зелена берза Зоран Шапуриќ директор на Државниот инспекторат за земјоделие.

-Вчера се откупени 478 тони тутун, по цена просечна цена од 195,7 денари. Државниот инспекторат од почетокот на откупот е постојано на терен и врши надзор на откупот на тутунот во рамките на законските надлежности и ќе биде на терен се до завршување на откупот кој согласно Законот за тутун трае до 31 март наредната година на сите 173 регистрирани пунктови. Откупениот тутун се исплаќа во законски рок, во рок од 1 до 5 работни денови. Инспекторатот согласно законските надлежности врши надзор над откупувачите дали се обезбедени финансиски средства, дали навремено се врши исплата на тутунот, дали се баждарени вагите, влагомерите и друга опрема. Дали откупните пунктови исполнуваат услови и дали работат согласно работното време. На проценката на тутунот Инспекторатот не може да влијае. Единствен начин да се оспори проценката е преку Второстепена комисија каде членуват три члена, по еден претставник од производители на тутун, од откупувачите и од Подрачна единица на МЗШВ.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close