Вести
Лут чај: Најбрз природен лек за болно грло
Чувството на пецкање во грлото и кашлањето се најиритантни појави во текот на зимските месеци кои можеби не нè врзуваат за креветот, но ни го исцрпуваат телото во текот на денот.
Ако сакате на природен начин да се ослободите од досадната болка и кашлица, тогаш сè што ви е потребно е лутиот чај од ѓумбир.
Тој ја поттикнува циркулацијата и го намалува стресот, додека во зимските месеци е најдобар мевлем за болното грло.
Состојки:
- 1 мала лажичка изрендан свеж ѓумбир
- 1 лажица мед
- Сок од еден лимон
- 250 ml топла вода
Подготовка:
Свежо набраниот ѓумбир ставете го во лонче и прелијте го со топла вода. Кога малку ќе се излади додајте сок од лимон и мед, промешајте и испијте го најбрзо што можете.
Совет: Чајот најдобро е да го пиете пред спиење или наутро, по будењето.