М-р Пеце Стојковски е нов в.д директор на Aгенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола
На денешната седница на Влада м-р Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.
М-р Пеце Стојковски е нов в.д директор на Aгенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.
На денешната седница на Влада м-р Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.
Стојковски е дипломиран економист и магистер на науки од областа на јавната администрација. Во досегашниот период има 17 години работно искуство во областа на финансиите и на сегашната позиција доаѓа од местото раководител на одделение за финансиско,сметководствено и материјално работење при Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола. Во својата професионална кариера има учествувано на голем број на домашни и меѓународни проекти (Interreg IPA, Erasmus и др).