fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Македонците јадат грав од Етиопија, а Етиопјани умираат од глад!

Последниве години, во недостиг на нашето познато тетовско гравче, кое сè поретко го има по нивите и на зелените пазари, граѓаните се принудени да купуваат грав од секаде. Во маркетите низ градот може да се најде грав од Киргистан, Казахстан, Пакистан, а верувале или не, стигна и грав од Етиопија!

Во маркетите сè поретко може да се најде тетовски грав, но затоа го има од секаде, па дури и од Етиопија каде што луѓето умираат од глад. Последниве години во недостиг на нашето познато тетовско гравче, кое сè поретко го има по нивите и на зелените пазари, граѓаните се принудени да купуваат грав од секаде. Во маркетите низ градот може да се најде грав од  Етиопија, Киргистан, Казахстан, Пакистан… кој е поевтин, но далеку понеквалитетен од тетовскиот, пренесува https://www.vecer.press/

Гравот „тетовец“ ретко може да се најде во скопски маркети и на пазарите, единствено може да се набави од познати кои се по потекло од овој крај и кои сè уште садат грав. На зелените пазари на прсти се бројат оние кој продаваат тетовски грав, а неговата цена достигнува и до 350 денари за килограм.

Купувачите велат дека во последно време гравот што се продава на пазарите и во маркетите е од секаде, само не тетовски. Во маркетите може да се најде грав по потекло од Киргистан, Казахстан, Кина, па, за верувале или не – дури и од Етиопија!  Ток е трипати поевтин од тетовскиот кој чини 64 денари за половина килограм. Една купувачка на пазар носталгично објаснува дека гравот „тетовец“ бил препознатлив, бидејќи многу брзо се варел, а зрното останувало цело.

-На нашите трпези еднаш во неделата мора да има гравче, навика и традиција ние е тоа, но сега реалноста е таа, тетовско гравче нема. Го купуваме ова увезеното од маркетите, тоа е доста поевтино, ама не е слатко како нашето тетовско. Нашето гравче има свои специфики, кога го вариш лушпата не се лупи, си стои на зрното и е многу слатко, се топи во уста, вели една скопјанка.

Друга, пак, коментира дека гравот што се продава по пазарите од око се гледа дека не е тетовски, зрната се различни и колку и да го вариш некои зрна остануваа живи. Тетовскиот грав имаше поинаков мирис и кога се вареше, а и вкусот не е ист.

Сепак, купувачите коментираат дека производителите годинава претераа со цената на тетовското гравче, која достигна и до 350 денари. Освен тоа, велат дека не знаеш дали навистина купуваш тетовски бидејќи на иста тезга продаваат и грав од Киргистан па може да го мешаат. Велат дека често им се случува да купат тетовски грав, а кога ќе го сварат некои зрна остануваат потврди.

Гравот „тетовец“ во последниве години сè помалку го има по нивите, земјоделците сè повеќе се откажуваат од гравот поради неисплатливоста и поради тоа што е тежок за работење.

Одгледувачите, велат дека покрај тоа што е тежок за работење, потребно е многу вода, кога се бере е тешко, мачно за работа, а се собира во август и во септември кога е многу топло. Нема луѓе да се најдат за да работат на собирање, па еден земјоделец сега веќе сее грав на површина толку колку што може сам да изработи.

Во зависност од условите за одгледување кога има сушна година се проценува дека намалувањето на родот на гравот варира од 50 до 90 проценти. Во добри години се смета дека треба да има 1.000 килограми грав од еден хектар. Во Тетовско, препознатливиот грав „тетовец“ земјоделците го одгледуваат заедно со пченка, што служи како потпорна конструкција за растење во височина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close