вести

МЗШВ: Да не се чека крајниот рок за поднесување барања за земјоделски субвенции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците да не ги чекаат последните денови од месецов за поднесување барања за земјоделски субвенции.

subvencii (1)

Пријавувањето, како што потсетуваат од МЗШВ, стартуваше на почетокот на минатиот месец, а 31 мај 2015 година е крајниот рок до кога треба да се достават барањата за директни плаќања за растително и сточарско производство.

– Во тек е поднесувањето и барања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од 1-ви јануари до 30-ти април 2015 година. Овие барања, млекопроизводителите треба да ги поднесат во подрачните единици на МЗШВ најдоцна до 15-ти јуни 2015 година. Поднесените барања веднаш влегуваат во процесот на обработка, стои во соопштението од МЗШВ.

Право на користење средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2015 година имаат земјоделските стопанства кои што се запишани во Единствениот регистар кој се води во Министерството.

Во соопштението е наведено дека дополнителни информации земјоделците може да добијат во подрачните единици на МЗШВ и во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close