Македонија привлечна за странските ловџии
Ловниот туризам станува бизнис во кој се вртат големи пари. Странските туристи се најзаинтересирани за лов на крупниот дивеч и за атрактивните трофеи. Нивните цени се берзански и можат да достигнат и до 12.000 евра за капиталец.
Македонија станува привлечна за странските ловџии. Сѐ повеќе пристигнуваат за да уловат планински јарец, дива свиња, или прелетните диви птици. Цените се берзански и се движат од 3 до 12.000 евра за уловен трофеј.
Во земјава има 206 ловишта со 130 видови дивеч, од кои под заштита на државата се 83.
Целта на ловството да се одржи ред и да се зачува дивечот во Македонија како национално богатство, да се овозможи напредок на руралните средини и да се промовираат природните вредности.
Со издавањето на ловиштата под концесија во последните години расте и бројот на популацијата на дивите животни до целосно пополнување на капацитетите.
Според експертите нелегалниот лов е драстично намален поради поголемата совесност и навиките кај ловџиите, високите казни и поголемото присуство на ловочуварските служби формирани од концесионерите.