вестиТоп вести

Николовски: Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава

(Oвој напис е објавен на: февруари 14, 2019)

Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава, рече вечерва министерот за земјоделство Љупчо Николовски на трибина во Кавадарци.

-Согласно препораките на Европската унија, ќе ја воведеме шемата на млади земјоделци и во програмата за директна поддршка, сите овие мерки кои досега ги збориме се на база на повеќе програми и фондови. Но тоа ќе го направиме и во програмата за субвенции, каде што мерките за младите земјоделци ќе добијат посебно место и посебно значење. Тоа ќе значи дека сме чекор поблиску до уште повеќе пари кои ни стојат на располагање, тоа значи чекор поблиску до едно модерно конкурентно европско земјоделство, што ќе има придобивки, најповеќе за младите луѓе и за сите наши граѓани, нагласи министерот.

Тој додаде дека станува збор за еден навистина комплициран и комплексен сектор што дава еден значаен дел во бруто домашниот производ на земјата од 10 проценти, 17 проценти од работното население во државата е активно вклучено во земјоделството, а 40 отсто од буџетот на Европската унија оди токму за овој сектор.

Се што се работи, рече, е во интерес пред се на младите луѓе.

-И верувам дека како што покажавме оваа година и ги убедивме сите дека може во делот на ова искористеност на фондови од последни да станеме први, од последен сектор да станеме прв за кој се збори, верувам дека со сите мерки, со сите политики, со сите храбри одлуки кои ги носиме во овој сектор, навистина земјоделството и аграрот за младите луѓе ќе бидат тренд, задоволство и се повеќе ќе ги мотивираме да се вклучат, да работат. А ние сме тука да ги обезбедиме сите мерки, да носиме нови политики, да ги враќаме парите назад кон граѓаните, да отвараме нови фондови, нови перспективи, да се грижиме за пласманот на земјоделските производи, а верувам и за многу инвестиции што во овој сектор во следниот период ќе следат, нагласи Николовски.

Присутните се интересираа околу ревизијата на одделни концесии по што младите би можеле да конкурираат за закуп на државна земја, околу цената кога се наводнува со капка по капка, зелената нафта и слично.

 


 

brif

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close