fbpx
Вести

Македонија земја-партнер на „АГРА“ 2018

Македонија годинава ќе биде земја партнер на Меѓународниот саем за земјоделство и храна „АГРА“, што традиционално се одржува во Горна Радгона, Република Словенија, од 25 до 30 август.

По овој повод, министерот Љупчо Николовски денеска ќе соопшти детали, а на прес-конференцијата е најавено присуство на словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, проектниот менаџер на Помурски Саем Борис Николас Ерјавец и извршната директорка на Помурски Сајем Матеја Јаклиќ.

Поканата за партнерство на Николовски минатата година му ја врачи заменик-претседателот на Владата на Република Словенија и министер за земјоделство, шумарство и храна Дејан Жидан.

„АГРА“ е еден од најголемите интернационални саеми во Централна и Источна Европа, на кој присуствуваат сите ресорни министри од регионот. Минатата година кога на манифестацијата се претставија преку 1.700 изложувачи од 30 држави во светот, земја-партнер беше Кина. Македонија имаше на располагање промотивен простор од девет метри квадратни на кој Министерството за земјоделство се претстави со органско производство.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close