fbpx
ВестиТоп вести

ЕСЕНСКА ОБРАБОТКА НА ПОЧВАТА СО УПОТРЕБА НА ТЕРАГРАМИН

Секој период од годината за земјоделците носи свои активности и иако во есен тие полека привршуваат кога станува збор за некои култури кои се веќе собрани од полињата, сепак искусните земјоделци многу добро знаат дека почвата мора да се подготви и не треба да се остави необработена преку зимата. Зошто е корисно навремено да се превземаат сите потребни мерки за правилна обработка на почвата во есенскиот период? Обработката на почвата е агротехничка мерка која влијае на сите особини на почвата. Не е едноставно да се дефинираат причините, целите и задачите при обработката за разлика од ѓубрењето и заштитата на посевите каде што целите се многу јасни. Едни од најважните причини за есенска обработка на почвата се: создавањето ровка структура и доведување на земјиштето во состојба на биолошка зрелост, која се смета за најоптимална за раст и развој на растенијата. Добро обработената почва која е порастресита и дава помал механички отпор во споредба со необработената овозможува подобро продирање на коренот. Во таква почва коренот полесно се развива и продира во длабоките слоеви.

Доколку во текот на пролетта бил нанесен Тераграмин во количина 1-1.5 т/декар, пред садењето на соодветната култура, веднаш при есенското орање, ќе се забележи разликата во тоа колку полесно се одвива орањето. Постојат случаи кај кои не било потребно да се ора и по жетвата е пристапено единственно кон фрезирање. Причината е во тоа што Тераграмин како подобрувач на почва, влијае врз водно-воздушниот и топлотниот режим и ги отстранува недостатоците во однос на физичките својства и бидејќи квалитетот на орањето во најголема мера зависи од збиеноста и состојбата на влага во почвата, а што се обезбедува со употребата на Тераграмин, проблемот со тешката обработка на почвата е решен.

Оние земјоделци кои го немаат аплицирано Тераграмин  на пролет, идеално е да го искористат овој период и при есенската обработка да влијаат на подобрувањето на квалитетот на нивната почва (ова особено се препорачува за оние ниви кои самиот земјоделец ги има како потешко обработливи и помалку родни, глиести, лепливи). Со употребата на Тераграмин ќе се зголеми капацитетот на почвата за подобро впивање и задржување на влагата од зимските врнежи и падавини, а ќе се подобри и нејзината аерација, со што се зголемува вкупниот волумен на пори, што овозможува зголемена размена на гасови помеѓу почвениот и атмосферскиот воздух. При есенската обработка на почвата се препорачува по изведбата на длабокото орање, да се нанесе Тераграмин во количина од 1-1,5 т/декар со ѓубре-раструач и да се инкорпорира во неа.

Квалитетно обработената почва на овој начин ќе го даде својот максимум во однос на достапноста на водата, хранливи материи и создавањето поволна средина за развој. Со есенската обработка и примената на Тераграмин користа е повеќекратна, со тоа што се решаваат проблемите на неквалитетната и непродуктивна почва и тоа уште во есенскиот период, кога имаме повеќе време за да се посветиме на вакви активности.

 

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close