fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Владата издвои 13 милиони евра за 129 локални и регионални проекти

Ќе се намалува разликата село-град

Директна финансиска поддршка од 800 милиони денари (13 милиони евра)  за 129 нови проекти ќе бидат распределени во општините и планските региони во државата преку Програмата за регионален развој.

Договорите за финансирање на проектите, од кои 29 се за планските региони, а 100 за општините беа потпишани денеска во Владата. Парите се наманети за развој на локалната патна инфраструктура, изградба на градинки, набавка на урбана опрема и подбрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Според вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи, целта е да се намали диспаритетот во социоекономскиот развој на државата и поделбите на село и град и да ја подобриме целокупната општествена благосостојба.

-За жал, се наоѓаме во ситуација кога разликата помеѓу најнеразвиениот регион – Североисточниот,  со  најнеразвиениот  – Скопскиот, е еден спрема седум. Тој јаз не може да го адресирате ако немате конзистентни полтики кои се инкорпорираат во сите различни програми на Владата – рече Битиќи.

Според министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, трошењето на средствата што се доделуават е целосно под контрола преку сите институции на Владата.

-Во овие прокети не може да има нетрансперентност. Ги следиме проектите во реализацијата од почеток до крај- рече Пенов. Извор https://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close