Македонска делегација на конференцијата за платежни агенции во Андау

Македонска делегација предводена од директотот на Платежната агенција Николче Бабовски учествува на 44. Конференција на директорите на платежните агенции во Европската унија што се одржува денеска и утре во австрискиот град Андау.

Како што беше речено на Конференцијата, заедничката земјоделска политика, меѓусебната помош, решавањето на се поголемото климатско влијание врз земјоделството и воведувањето нови технологии ќе биде приоритет за сите земји од Европа, членки и кандидати за членство, вклучувајќи ја и Македонија.

Директорот Бабовски оствари повеќе неформални, билатерални средби, а во обраќањето рече дека искуствата и помошта што Македонија ги добива од земјите членки на ЕУ е од огромно значење.

– Владата, Министерството за земјоделство и Агенцијата посветено работат на прилагодување и унапредување на капацитетите со цел воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот. Само со освовременување на земјоделството и со воведување нови технологии може да се развива и унапредува овој сектор. Европските фондови се од клучно значење во оваа насока, истакна Бабовски.

Освен директори на платежните агенции, на Конференцијата учествуваа и претставници на Европскиот суд на ревизори, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ. Освен за земјоделство,  се разговараше и за зголемување на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста, Европскиот повеќегодишен буџет и неговото управување.

 


 

vecer

Share Button