Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Македонски државјанин загина во сообраќајка во Грција
При судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Македонија, објавија грчките медиуми.
Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Македонија, објавија грчките медиуми.
Автомобилот со кој управувал 55-годишникот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена. На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што само била констатирана смрт.
Во вториот автомобил заедно со 44-годишната жена се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња. Сите биле пренесени во болница.
Причините за несреќата засега не се познати.