fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Македонските газди молат за работници, се наградуваат вработените и со 9 илјади денари за да доведат нов човек во фирмата

Се нудат од 5.000 до 9.000 денари за секој вработен што ќе повика и ќе убеди свој пријател да се вработи во фирмата.

Газдите на фирмите во Македонија се на голема мака поради сериозниот недостиг на работна сила. Според податоците на Агенцијата за вработување, домашните компании од разни сектори побаруваат околу десет илјади работници со различни квалификации, и тоа најмногу од услужните и од угостителските услуги, а многу помалку од производството и од индустриските гранки. Но, работодавците се жалат дека интересот за вработување е мал, пред сè, поради ниските плати, кои не се предизвик за младата работна сила, која сè почесто заминува на работа во странство.

Токму од овие причини, изминативе денови се нудат од 5.000 до 9.000 денари за секој вработен што ќе повика и ќе убеди свој пријател да се вработи во фирмата. Една од фирмите што го поттикнува вработувањето е и модната конфекција од Свети Николе „Мода”. Тие нудат по 5.000 денари еднократна парична награда за секој вработен што ќе доведе нов работник во компанијата. Како што вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија, но и директор на конфекцијата „Мода”, мал е одѕивот и за ова. Тој вели за весникот ВЕЧЕР дека сè почесто се пријавуваат постари работници, кои се пред пензија. Проблемот е покомплициран оти младите не прифаќаат да работат за просечна плата од 500-600 евра.

– Очекувавме да се јават млади луѓе, но, за жал, нема интерес. Во Македонија, недостигаат многу работници, а младите одат да работат во странство, таму се  повисоки платите, подобро заработуваат. Истото го прават и работниците од средната генерација, кои, исто така, се пакуваат и заминуваат надвор од државата – вели Димитров за весникот ВЕЧЕР.

https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close