fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Грешки при одгледување на киви

Кивата може и кај нас да успее во одредени делови на земјата, но треба да се знае како да се засади и одгледува.

Оние кои ќе засадат киви треба да знаат дека многу важна е првата година по садењето.
Ако се набават садници за киви, може да се сади во зима – февруари-март, како и наесен.
Садницата треба убаво да се покрие со земја. Тоа се прави со слој од околу 15-20 см и добро се покрива, за да не измрзне.
Стеблото бара повеќе грижа и треба да биде покриено при ниски температури.
Кивито се открива во месец март.
Во принцип кивито бара полевање со вода, и тоа редовно.
Ако во пролет пожолте, тогаш сигурно проблем е вишокот вода со кој е полевано кивито. Во лето кога е жешко, наводнувањето е задолжително.

Валентина Соколовска
за Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close