Агро бизнисБез категоријаВести
Македонските винарии ќе учествуваат на Балканскиот вински фестивал што ќе се одржи во Софија од 27 до 29 јуни
Големиот трофеј за најдобро вино на Балканот досега го освоија две македонски винарии - Шато Камник и Винарија Тиквеш.
Министерот за земјоделие Љупчо Николовски оствари работна средба со Галина Нифору, директорка на Балканскиот меѓународен натпревар за вино, чие 13-то издание годинава ќе се одржи во јуни во Бугарија и Турција.
Македонските винарии ќе се претстават и на генерален штанд на Балканскиот вински фестивал што ќе се одржи во Софија од 27 до 29 јуни.
Големиот трофеј за најдобро вино на Балканот досега го освоија две македонски винарии – Шато Камник и Винарија Тиквеш.
Македонија е најголемиот извозник на вино од сите балкански земји и промоцијата на македонското вино е од големо значење за винскиот сектор во земја.
Соработката ја продолжуваме во полето на обука на македонски специјалисти за вино маркетинг,извоз, со професори од најреномираните школи во Франција .