fbpx
Вести

Македонските земјоделци со програмата ИПАРД 2 имаат на располагање 80 милиони евра

ipard

Македонските земјоделци имаат на располагање 80 милиони евра преку ИМПАРД два фондот со кои, во наредните години ќе треба да го подобрат своето производство и да се доближат до стандардите на Европската Унија.

Европските пари, кои до сега беа слабо искористени, ќе може да ги троши и јавната администрација која пак уште треба да учи како да им помогне на земјоделците даа аплицираат со проекти. Земјоделството е важен сектор за Унијата затоа што пресметките покажуваат дека светското произвотство на храна треба да се удвои до 2050 година за да може да се прехранат сите 9 милијарди луѓе, колку што ќе не има до тогаш.

„Во однос на искориостени сретства кои ни беа на распослаѓшање во овој период, не  сме задоволни, анализите се направени, детектирани се слабостите кои се јавија во ИПАРД 1 во нејзиното спроведување. На нас останува она што веќе го заклучивме како недостаток да сето тоа го адресираме и решиме за да не се повторат грешкитео д ИПАРД 1 во ИПАРД 2 програмата.“ – вели Николче Бабовски, директор на Платежната агенција.

Земјоделците во изминатите години многу малку ги искористиле европските фондови затоа што треба да собираат обемна техничка документација, немаат имотни листови или, пак, општините немаат донесено детални урбанистички планови.

„Да се забрза процесот на донесување на дупови во општините во конретни рокови до крајот на 2018. Документацијата за проекти кои вклучуваат градежни активности и барање за легализација барања што се наменети за користење на ИПРАД имаат приоритет над останатите барања.“ – вели Билјана Петровска Митревска, Федерацијата на фармери.

Администрацијата исто така ќе треба почесто да излегува од своите канцеларии и во селата во вечерните часови, кога земјоделците се послободни, да им ги објаснува условите за аплицирање. За подобра искористеност на европските пари се пепорачува и да се золеми кофинансирањето за жените фармери.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close