fbpx
ВестиТоп вести

Општина Могила гради пречистителни станици  во Добрушево и Ивањевци

 

Со пречистителните  станици  во Добрушево и Ивањевци се опфатени над 1000  домаќинства.Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска вели дека со овие проекти се обезбедуваат  подобри услови за живот и поздрава животна средина.

 

Пречистителна станица со еден крак за прочистување на отпадните  води Општина Могила гради во селото Добрушево. Екипите се на терен  и изведбата е започната според проектната документација со цел обезбедување на подобри услови за живот на жителите на ова пелагониско село, вели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска. Во исто време течат подготовките за изградба на иста таква прочистителна станица и во селото Ивањевци. Со изградба на помали пречистителни  станици за третман на отпадни води во најголем дел од селата во Општина Могила, трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и со тоа и подигање  на стандардите за заштита на животната средина.

Во 2018 година Општина Могила преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален  развој аплицираше за проектна документација за канализациска  мрежа со пречистителна станица за населените  места  Добрушево и Ивањевци, во вредност од 800 000 денари. Во 2019 година, пак  општината аплицираше преку Министерство  за животна средина за пречистителна станица во населеното место Добрушево која се гради со еден карак и ќе чини 6.795 026 денари. Во истиот период започната е  постапка  за канализациска  мрежа и пречистителна станица во Ивањевци во износ од  

3.054 661 денар , средства добиени од Бирото за регионален развој  и  1.425 617 денари кофинансирање од Општина Могила.

-Минатата година од општинскиот буџет вложивме во доизградба на краци за канализациска мрежа за населено место Могила и сега ја завршуваме канализацијата каде што имавме можности за тоа и се прошируваме во двете најголеми места во Општина Могила, а тоа се Добрушево и Ивањевци. Се зафативме со овој голем проект бидејќи се работи за 1000 домаќинства  што немаат основни услови за живот а ние како општина сме должни тоа да им го обезбедиме, изјави за „Зелена берза“ Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила.

Гулевска напоменува дека со оглед на тоа што Општина Могила е помала рурална општина изградбата на неколку помали пречистителни станица  е ефикасно решени да се регулира проблемот со отпадните води во населените места.  Пречистителни станици во неколку фази допрва ќе се градат и во населените  места  Српци, Беранци, Лознани, Трновци, Ношпал, Мусинци, Дедебалци.

Општината преку европски проекти аплицираше и за изградба на атмосферска канализација  за населените места Трап и Будаково.

-Се трудиме во секое населено место  да ги опслужиме граѓаните и да реализираме проекти за подобрување на условите за живот. И ние како општина учествуваме со кофинансирање, сакаме да вложиме во секое село, за сите граѓани да ги почувствуваат бенефитите, вели Гулевска.

Според постоечката законска регулатива во земјава секое населено место со над 2.000 жители треба да има пречистителна станица на отпадни води, но планирани се и места со помалку жители, целта е загадувањето на водните текови и ресурси да се намали.

 

Во пет села во Општина Могила ќе се градат паркови од средства од  РЕК-Битола

Во селата Ношпал, Вашарејца, Беранци, Српци и Могила, ќе се градат паркови од средствата кои Општина Могила ги добива како надомест за производство на енергија од фосилни горива, односно од РЕК-Битола. Годинава Општина Могила за оваа намена добива 3. 200 000 денари.

Покрај парковите со дел од овие средства ќе се гради и пешачка патека од ОУ „Браќа Миладиновци“  до сред село во Дедебалци во должина од 600 метри, со цел побезбедно движење на учениците.

Пелагониските општини Битола, Могила и Новаци со уредба од Владата на Р.С.Македонија според соодветна методологија вршат распределба на средства остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива од термоелектраната РЕК-Битола. Секоја година општините со тие средства реализираат еколошки проекти со цел подобрување и зачувување на животната средина.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close