fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ВИДЕО-Македонските земјоделки своите производи се почесто ги продаваат онлајн

Ако лани на платформата Наша тезга имало 40 жени кои ги продавале своите производи, оваа бројка за една година се зголемила за триопол пати

Потрошувачите спас од високите цени на прехранбените производи го наоѓаат на електринскиот пазар. Изминатиот период платформите, социјалните мрежи станаа место од каде што се пазарува млеко, сирење, урда, печурки, мармалади и сокови од шумски плодови и овошје. Македонските земјоделки, фармерки ја искористија оваа шанса, ако лани на платформата Наша тезга имало 40 жени кои ги продавале своите производи, оваа бројка за една година се зголемила за триопол пати.

Емилија Пехчевска продажбата на своите мармалади, џемови и сокови од шумски плодови ја прави претежно на социјалните мрежи. Пред девет години со сопругот од Скопје се преселиле во Берово, каде ја почнуваат и својата успешна приказна, но смета дека виртуелниот пазар има свои предности, но и предизвици.

Рурална коалиција ги промовира македонските хероини од руралните средини, поддршка и поттик им даваат на младите и на малите семејни бизниси.

МГС тон Кристина Тодорова, апосолвент 1.26 како Агроном 1.39 достапна се лепи Пехчевска 1.53 Ако ова почна сосема случајно 2.08 да го прработиме

Во земјава 38.000 жени ги водат земјоделските стопанства, но според Рурална коалиција оваа бројка е далеку поголема.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close