fbpx
ВестиВиноТоп вести

Македонско чудо –  Грозје кое раѓа два пати во годината

 

Свети Трифун симболично се одбележа по лозовите плантажи низ целата земја. Најинтересно беше закројувањето на зелени ластари кое е вистинска реткост на балканот. Ова македонско чудо се случи во оранжериите на Еко Оаза Самандов во Виница каде во стаклениците од пред неколку години има засадено и винова лоза главно од трпезни сорти. Еден од сопствениците Ѓорги Самандов со погача вино и ножици го закројуваше лозјето кое папки потерало уште пред нова година и сега има по половина метар зелени ластари па дури има формирано и гроздови.

-На овој свет ден за лозарите кога се закројуваат лозјата ние имаме посебна чест и задоволство веќе трета година по ред на овој празник наместо суви прачки да закројуваме лозје на зелено. Јас сум лозар уште од татко и од дедо, многу одамна а сам лозар сум 45 години и ова што го имаме постигнато сметам дека е голем чекор за нашата фирма но уште поголем исчекор за македонските лозари кои можат да кажат дека плановите и перспективата на оваа лозарска земја немаат крај, вели Ѓорги Самандов од оранжериите Еко-Оаза Самандов.

Првите берби од ова грозје кое на Свети Трифун се крои на зелено се очекуваат средината  на Април, а имаат и опитна сорта која бербите се при крајот на Мај а втората берба е направена при крај на Октомври. Ова чудо кое е скап проект на Самандов дава род два пати во годината искористувајќи ги топлите води од термалните извори во близина на Виница. Самата лозница одгледувана во идеални услови освен што дава род два пати во годината има родност од 20 до 50 гроздови од една чокота а младите лозници садени во Јануари прородуваат уште во првата година во Септември.

–  Имаме една опитна сорта од Израел од која првата берба лани беше 20 Мај а втората берба беше на 23 Октомври, што ни покажува дека има можности. Јас оваа производна технологија никаде не сум ја видел туку бев инспириран од нашата народна песна во која се пее,, Во село Малешево две жетви се жнеат, два пати се грозје бере’’. Засега ова со берење грозје два пати во годината ни е како опит и мислам дека е рано да кажувам крајни резултати. Ова е многу скап проект, многу скапа инвестиција бидејќи топлата вода од термалните извори прво оди во хала со краставици, па потоа во хала со домати и на крајот целосно ја до искористуваме топлината во оваа хала каде се лозниците. Сепак ако направиме една анализа греењето од октомври до мај греењето треба да го платиме 70 илјади евра. Тоа се многу пари па затоа правиме експеримент да видиме како ќе бидат крајните резултати. На наше задоволство во посета пред две недели ни беше најголемиот светски извозник на трпезно грозје од Египет кој има извоз од 200 хектар 5 илјади тони во скандинавските земји каде цената со договори е преку целата берба по 2 евра килограм. Ние треба да се запрашаме ние имаме спремни лозари да одгледаат грозје на 50 хектари и не мора по две евра да го даваме и по едно евро пак е тоа голем успех. Кај вториот по големи извозник имам одено на плантажите кои се сред пустина и за кои 90 километри имаат носено вода за да имаат производство а кај нас на секој 9 метри може вода да се најде но лозарството ни тоне. Ние имаме вредни земјоделци нам само ни недостига менаџирање, раководство и промоција од економските промотори кои ги плаќа државата а за кои сметам дека треба да бидат платени по тоа што ќе го сработат, рече Самандов.

Но не само рани берби на грозје во оранжериите овој ентузијаст прави опити  и има и раностасни цреши, праски, круши, имаат кајсии кои веќе беа расцветани а за берба стасуваат за први мај и јаболка кои стасуваат за берба средината на Јуни. Неговото мото е дека не треба ваквите работи да се кријат туку сите заедно да работиме и да дојдеме до големо производство за да си го зголемиме стандардот ни е важен за да ги задржиме младите во земјдоелството.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close