„Македонско село“ никако да стане „Стартап село“
Владата планира да го трансформира „Македонско село“ во Нерези во „стартап село“, но досега ова не се случи. Проектот е најавен како дел од долгорочната стратегија на Владата за трансформација на вакви објекти во стартап села.
Владата планира да го трансформира „Македонско село“ во Нерези во „стартап село“, но досега ова не се случи. Проектот е најавен како дел од долгорочната стратегија на Владата за трансформација на вакви објекти во стартап села.
Тоа значи дека новите компании кои ќе работат во селото нема да плаќаат кирии во првите неколку години.
Засега само граѓани, кои избегале од градскиот смог за викенд и се упатиле на падините на Водно кај Нерези, го посетуваат „Македонско село“. Но, однадвор, затоа што тоа е затворено со катанец уште од 2018 година.
– Во врска со развој на Старт ап селото на местото на кое што беше „Македонскo село“, Фондот за иновации на Северна Македонија веќе има изработено физибилити студија за развој на овој најавен проект и во моментов се разгледуваат моделите по кои би се развивало „Старт ап селото“ – велат за Независен весник од Министерството за економија.
Кон крајот на септември, министерот за економија Крешник Бектеши, кога ги претставуваше плановите за неговиот следен четиригодишен мандат како еден од преоктите го наброја и тој, „Македонско село“ да стане „Стартап село“. Бектеши тогаш рече дека „Македонско село“ е еден од приоритетите и веќе се работи на преоктот како да се претвори во стартап-село, каде што младите од земјава и странство ќе имаат можност да основаат бизниси без да плаќаат режиски трошоци.
– Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со SWISS EP Macedonia и Start-Up Chile, изработи физибилити студија во која се презентирани неколку модели за функционирање на „Стартап селото“. Од истата, произлезе дека се потребни дополнителни истражувања и консултации, со цел дефинирање на вистински одржлив модел- велат од ФИТР за Независен весник.
Додаваат дека ФИТР во моментов работи интензивно со сите засегнати чинители за креирање на целосно функционално „Стартап село“, што ќе обезбеди квалитетен простор за работа, живеење и вмрежување на младите луѓе кои започнале или ќе започнат нов бизнис.
– Минатиот месец беше основан и Стартап совет чијшто фокус ќе биде државата да се позиционира како регионален стартап и иновативен хаб, како и трансофрмација на „Македонското село“ во „Стартап село“ – додаваат од ФИТР за Независен весник.
Инаку, проектот „Македонско село“, престана да функционира во октомври 2018 година, кога компанијата „Тинекс“, која беше првиот концесионер на комплексот од неговото отворање во 2016 година, информираше дека нема економска исплатливост и дека комплексот во континуитет работел со загуби.
Изградбата на комплексот „Македонско село“, почна во 2011 година, со инвестиција на Владата, а чинеше 6,5 милиони евра.
Ни куче не лае во „Македонско село“https://nezavisen.mk/ne-pushtaj-makedonsko-selo-nikako-da-stane-startap-selo/