МАКЕДОНСКОТО ОВОШТАРСТВО ДЕНЕС

Познато е дека Македонија има релативно погодни почвени и климатски услови за разновидни овошни видови. Дали македонските земјоделци го користат тоа? Ако се цени според учеството на овошјето во земјоделските економски сметки  , не е бидејќи во растителното  производството учествува со 11,6%.

Нашата анализа на натуралните показатели се однесува на овошни видови кои официјално ги регистрира Статистичкиот завод на РМ, каде за жал недостасуваат неколку овошни видови како што се: лешник, бадем и сите видови ситно обоено овошје. Друга специфичност на нашата статистика е што површина под овошни видови не се регистрираат, туку само вкупно.

Таб.1 Површини на овоштарници

 

И според тој показател се гледа маломерност на површините под најважните овошни видови, која во 1991 година изнесува 23 илјади ха, но по осамостојувањето опаѓа за околу 7 илјади ха. Уште понеповолен е податокот за учеството на површините под овошје во обработливите површини, кои во 1991 година учествувале со 3,46%, во 664 илјади ха обработливи површини, а денес 3,10% во 516 илјади ха обработливи површини.

Анализа на бројноста на овошните стебла.  Имаме во предвид дека бројот на родните стебла е во динамика . Но петгодишниот период дава претстава за тоа како се движи бројот, дали има сериозни позитивни тенденции или стагнации итн, особено во споредба со 1991 година. Веднаш се забележува дека во Македонија доминира јаболката,дека се намалува крушата, дека се стандардни бројот на родни стебла кај сливата, опаѓа  силно во споредба со 1991 година вишните и кајсиите, а се зголемиле праските. Според денешните движења на продукцијата и побарувачката на пазарот се знае дека јаболката се раширила со нереални димензии, дека крушата е нереално намалена, како и кајсијата, вишната и праската.

Таб.2 Број на овошни стебла по видови

 

  Во 000 родни стебла

Учество на поедини видови во вкупните насади. Релациите на ширење односно намалување на родните стебла на поедини овошни видови попрегледно и егзактно покажуваат  учествата на поедини видови во вкупните родни стебла (таб.3).

Структурата на застапените видови овошје во Македонија покажува едностраност. Околу 50% од сите видови зафаќа јаболката. За жал оние видови за кои Македонија има поволни услови поради влијанието на медитеранската клима се застапени најмалку (цреши, кајсии, праски,круши). Очигледно е дека во 1991 година структурата била поповолна со учество на јаболка од 32,2%, круши 13,8% и другите видови за кои се смета дека се  типични за Македонија имале повисоко учество.

Таб.3 Структура на родни овошни видови (според таб.2)

 

Последните две години сликата е нешто подобра во споредба со првите две години од оваа петгодишна анализа, бидејќи учеството на јаболката е намалено, на вишните е зголемено, како и на праските. Сметаме дека на сметка на обемот на јаболковите насади треба да се зголемат насадите со праски, кајсии, круши, јаткасто и со ситно обоено овошје.

Вкупната продукција на овошје.  Вкупното производство по видови и вкупно по години неизедначено, но со релативно мали процентуални разлики.

Нешто поголеми разлики се забележуваат помеѓу 1991 година и годините по 2011 година, меѓутоа во последната година од овој петгодишен период разликата е висока до 30% повеќе во 2015 година. Изгледа дека по родни години биле 2012, 2013 и 20105 година.

Таб 4. Вкупната продукција на овошје  (во тони)

 

Ако ги споредуваме 1991 година (100%) со 2016 година, ќе видиме дека кај јаболката  производството во 2016 изнесувале 208,5%, кај крушите  било само 49,0%, кај сливите 139,5%, кај вишните 99,4%, кај кајсиите 60,9%, кај праските 209,1%.

Како што се гледа (таб.4) од 2012 година до 2016 нема зголемување. Ако сакаме да видиме дали има промена во приносот ја делиме вкупната  продукција (од сите стебла), со бројот на хектарите (од сите видови). Еве вакви се резултатите: 1991-7389кг/ха, 2012-13526кг/ха, во 2013-13068кг/ха, во 2014-11420кг/ха,во 2015-13813кг/ха, и во 2016 11162кг/ха. Очигледно е силно зголемување на приносите во однос на 1991 година, меѓутоа разликата е најмала (помеѓу 1991 и 2016 год.) во 2016 година.

Проф.Д-р. Борис Анакиев 


 

faktor

Share Button