Македонското вино рамо до рамо со најскапите француски, шпански и италијански вина
Од македонското грозје се произведуваат квалитетни вина кој можат да се носат со најквалитетните светски вина, а доказ за тоа е фактот што македонските вина се добитници на многу златни медали на светски вински натпревари. Лозарството која е втора стратешка гранка во државата веднаш по тутунот може да ни донесе уште поголеми девизни приходи од 15,2 милиони долари годишно само потребна е поголема поддршка на малите производители.
Македонското грозје се најде на високото 27. место во светот по квалитет што е уште доказ дека македонското поднебје има одлични природни услови за одгледување на винова лоза. Од него се прават квалитетните вина кој можат да се носат рамо до рамо со француските, германските, шпанските и италијанските вина. Ова го потврдува и фактот дека македонските вина не само што се дел од многу светски вински натпревари туку и се добитници на многу златни медали.
И лозарите се гордеат на ваквиот успех и велат дека ова е голем успех не само за нив како производители на грозје туку и на целата држава. Според нив да се биде 27. место од над 200 земји во светот е одличен резултат.
-Ние имаме најквалитетно грозје на Балканот кое може да ги задоволи потребите на сите земји во регионот. Имаме вкупно производство од 100 милиони килограми винско грозје. Грозјето кое ние го произведуваме по квалитет може да се носи со она што во Франција и Германија, додека со Шпанија и Португалија сме тука некаде во однос на квалитетот на грозјето. Одличните услови овозможуваат кај нас да се произведува грозје со 25 малигани, односно шеќерни единици од кое може да се прават квалитетни вина без додавање на засладувачи, вели претседателот на здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев.
Тој додава дека од македонското грозје се произведуваат квалитетни вина кој можат да се носат со најквалитетните светски вина, а доказ за тоа е фактот што македонските вина се дел од многу светски здруженија каде што членуваат најквалитетните вина и се добитници на многу златни медали на светски вински натпревари.
-Ние имаме добра местоположба за производство на квалитетно грозје. Сонцето создава повеќе шеќерни единици на кој можат сите да ни подзавидат. Меѓутоа последните неколку години имаме проблем со наводнувањето. Вода има, но системите за наводнување не се одржуваат и имаат многу дефекти поради тоа имаме големи загуби во приносите. Годинава приносите се добри и се надеваме дека ќе имаме добар род и квалитетно грозје, бидејќи временските услови не послужија, вели претседателката на Федерација на фармери на Македонија, Васка Мојсовска, која е и лозаропроизводител.
Според неа, македонското грозје и виното кое се добива од него може да се носи по квалитетот со светски најпознатите и најквалитетните вина. Лозарството која е втора стратешка гранка во државата веднаш по тутунот може да ни донесе уште поголеми девизни приходи од 15,2 милиони долари годишно само потребна е поголема поддршка на малите производители.
-Од вкупните површини со лозови насади 80 отсто се на малите лозаропроизводители, а само 15 до 20 отсто на винарските визби. Овие бројки покажуваат дека малите производители во државата се тие кој го произведуваат квалитетното грозје од кое се прават најквалитетните вина. Поради тоа, винарниците треба да бидат полиберални и да остават нешто да заработат и лозарите, вели Мојсовска и додава дека откупната цена на винското грозје дваесет години не е променета.
Македонското грозје лани се извезувало на 28 пазари, но само на четири пазари имаме остварено извоз поголем од еден милион долари. Најголем извозен пазар за македонското грозје лани била Србија со извоз од 5,7 милиони долари, потоа Босна и Херцеговина со извоз од 1,1 милиони долари, Црна Гора со извоз од 1,09 милиони долари и Русија со извезено грозје во вредност од 1,02 милиони долари.
Македонија е трет најголем извозник на грозје во регионот, по Грција која во 2018 година извезла грозје во вредност од 110 милиони долари и која е 15 најголем извозник во светот. Следи Словенија која со извоз на грозје од 34,2 милиони долари е 22. најголем извозник во светот.
Извор: Вечерпрес