Манастирот Свети Илија во селото Живојно се подготвува за големиот празник Илинден
Во Пелагонија
Манастирот Свети Илија во селото Живојно се подготвува за големиот празник Илинден.
Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, на самата државна граница со Грција, во најјужниот дел на територијата на Општина Новаци. Од неговата десна страна тече реката Црна, а со локален асфалтен пат е поврзано со регионалниот пат 2338, кој води за битолско Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри. Од градот Битола е оддалечено 38 километри, додека од општинското седиште Новаци е оддалечено 22 километри. Во Живојно живеат Моштенци, кои се подгрупа на македонскиот народ, распослани во селата околу Бач. На просторот на денешна Македонија, покрај Живојно, влегуваат селата Бач, Гермијан и Сович, а другите триесетина села во кои живеат Моштенци, денес се наоѓаат во Грција. Моштенците имаат свои посебни украси и носија која битно се разликува од носијата на соседните мариовски села.