fbpx
Вести

Градовите со најскапо и најевтино пиво во светот

Секој пат кога патувате, важно е да ги земете во предвид цените на основните производи во вашата дестинација. Еден од начините за одредување на цените е да изберете еден општ елемент и да проверите колку чини тој во различни градови.

На пример за тоа „Economist“ се доверува на својот „Big Mac Index“ кој ја следи цената на популарниот сендвич на целата земјина топка. „Bloomberg“ има годишен суши индекс, кој ги разгледува цената на јапонскиот специјалитет во големите американски градови.

Но „Deutsche Bank“ знае што е навистина важно за вас кога патувате, затоа секоја година финансискиот гигант нуди податоци за тоа каде едно пиво е најскапо и најевтино. Истражувањето опфаќа речиси 50 големи градови низ целиот свет.

Минатата година Осло во Норвешка беше градот во кој можете да го испиете најскапото пиво – со просечна цена за половина литар од 9.90 долари.

И покрај поскапувањето на пивото во Осло во оваа година, каде што овој пијалок веќе чини 10.30 долари, норвешката престолнина остана на второ место на листата благодарение на вклучувањето на нов град – Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, каде половина литар пиво ќе ве чини шокантни 12 долари.

Хонг Конг и Сингапур се квалификуваат на трето и четврто место во овогодинешната листа (слично на минатата година) со средни цени на пивото од 8.90 до 8.30 долари. Цирих, Швајцарија, ги завршува првите пет со пиво кое чини 7.70 долари.

Ако погледнеме кон САД, Њујорк се уште е најскапото место во Америка за потрошувачка на пиво, а „Deutsche Bank“ претпоставува дека луѓето плаќаат во просек околу 7.70 долари за половина литар – 30 центи повеќе од минатата година.

Тој е следен од Сан Франциско (7.40 долари) и Бостон (6.70 долари). Единствениот друг американски град во листата е Чикаго со релативно евтиното пиво за 5.90 долари.

Ако барате дестинација во која пивото е евтино, треба да знаете дека само во два града во светот половина литар од пиво чини под 2 долари.

Манила, Филипини, е најевтината пивски дестинација со просечни цени од 1,50 долари, следена од Прага, Чешка, со просечни цени од 1.60 долари. Топ 5 на градовите со најевтино пиво се дополнува од Јоханесбург во Јужна Африка (2,20 долари), Мексико сити во Мексико (2.40 долари) и Кејп Таун – повторно во Јужна Африка (2.60 долари).


 

денар

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close