
Манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ ќе се одржи на 30 септември во Битола
Учесници се производители на храна и преработка на земјоделски производи.
Манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на Здружение за едукација на земјоделците „Зелена берза“ – Битола продолжува да живее!
Македонската храна и автентичните вкусови за овие простори споени во нашата традицијата продолжуваат да се пренесуваат од генерација на генерација, а во тоа свој значаен удел има манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“.
„Зелена берза“ како организатор на настанот ве поканува на 30 септември (вторник) во 13 часот на саемот за храна во Битола, во ресторанот УТОПИА во Битола на улица „Индустриска“ бб.
Со оваа манифестација се дава придонес во зачувувањето на нашите традиционални вредности од заборав. Учесници се производители на храна и преработка на земјоделски производи.
Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.