fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Маричиќ: Неповратни 97 милиони евра европски пари за модернизација на македонското земјоделство

Неповратни 97 милиони евра европски средства се ставаат на располагање за нови инвестиции, развој и модернизација на македонското земјоделство, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ вели дека ИПАРД програмата е многу важна алатка за поддршка на земјоделскиот сектор, за имплементација на конкретни мерки и доближување на македонските производи на европскиот пазар, укажувајќи дека благодарение на европските средства и имплементацијата на ИПАРД програмата резултатите на терен се видливи.

– Препознаени сме во ЕУ како лидери во регионот по искористеноста на средствата од ИПАРД 2 програмата, со висок процент на искористеност од 98%. Затоа заслужено сме наградени од страна на Европската комисија со дополнителни 62% неповратната ЕУ поддршка за новата ИПАРД 3 програма 2021 – 2027 година. Тоа значи неповратни 97 милиони евра европски средства се ставаат на располагање за нови инвестиции, развој и модернизација на македонското земјоделство, истакна Маричиќ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close