
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Министерот Трипуновски утре ќе оди во Преспа на увид на штетите од пролетниот мраз
Градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски за „Зелена берза“ потврди дека во посета на Ресен доаѓа министерот со цел да ја види на лице место состојбата со овоштарниците и штетите причинети од мразот кои се во висок процент.
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски утре (петок) ќе биде во посета на Преспанскиот региот и Ресен каде од снегот и пролетниот мраз од почетокот на оваа недла настрадаа овоштарниците.
Градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски за „Зелена берза“ потврди дека во посета на Ресен доаѓа министерот со цел да ја види на лице место состојбата со овоштарниците и штетите причинети од мразот кои се во висок процент.
Овоштарите во Преспа претпрпеа најголеми штети од снегот кој наврна во наделата а потоа со спуштањето на ноќните температури измрзнаа папкките на јаболковите насади.