fbpx
Вести

„Марс“ ќе компензира со нови производи, не со пари

„Марс“ планира да им компензира на потрошувачите што ги купиле повлечените производи со тоа што ќе им понуди нови производи, а не пари, соопшти портпаролот на компанијата.

“Потрошувачите можат да изберат кои од нашите производи сакаат да ги добијат како замена, а се разбира дека и ќе им додадеме”, рече портпаролот на оваа компанија за кондиторски производи вчера од Фирзен, кој се наоѓа во близина на Диселдорф, Германија.

mars kje kompenzira so novi proizvodi ne so pari

 

Постојат различни мислења меѓу потрошувачите, додаде портпаролот.

Од “Марс” завчера најавија доброволно повлекување на неколку видови чоколади во некои држави низ светот, откако парче пластика со големина од околу 0,5 сантиметри беше најдено во еден од производите во Германија, што би можело да предизвика задушување.

Меѓу повлечените производи се “сникерс”, “марс”, “милки веј” и “селебрејшан”, кои ќе бидат уништени.

Повлекување имаше во сите држави од ЕУ, освен во Бугарија и во Луксембург, како и во Алжир, Ангола, Австралија, Бангладеш, Египет, Гана, во Индија, Иран, Израел, Јордан, Либан, во Либија, Мадагаскар, Малдиви, Маврициус, Мароко, Непал, во Норвешка, Саудиска Арабија, Србија, Јужна Африка, Шри Ланка, Судан, Швајцарија, Тајван, во Танзанија, Тунис, Турција, Украина и во Обединетите Арапски Емирати.

Повлекување имаше и на француските територии Нова Македонија и Реунион, како и во Палестина, според Европската комисија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close