fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Maschio Gaspardo новиот член во семејството брендови  во Синпекс

Maschio Gaspardo новиот член во семејството брендови  во Синпекс

Maschio Gaspardo е компанија чиј широк опсег на производи ја прават една од најголемите групации во светот што произведува  земјоделска механизација. Maschio Gaspardo е новиот бренд  за кој генерален застапник во нашата држава е Синпекс Битола.

Што е карактеристично за машините од овоj бренд?

Зголемувањето на површините по производител и  преминувањето на земјоделците   кон  современ начин на земјоделско производство значи не само правилен избор на современи агротехнички мерки, туку  тоа налага и правилен избор на земјоделска механизација. Ако порано се обработуваа површини од 2-3 -5 ха земја, сега се преминува на површини од 50 -100 и повеќе ха површина.

Приклучната механизација мора да биде адекватно прилагодена  спрема почвата која се обработува како и според силата на  тракторите кои значително ќе влијаат врз намалувањето на трошоците на целокупното производство, а со тоа и зголемување на  приходите.

-Поради тоа ние се потрудивме да обезбедиме  еден бренд кој на светско ниво е познат по својот квалитети и по  цена  прифатлива за нашите производители. Тоа е брендот Maschio Gaspardo. Моментално  кај нас имаме на лагер повеќе артикли од тој бренд: фрези, мулчери, подривачи, култиватори за обработка, сеалки и други машини. Сакам да го истакнам  подривачот кој на нашите простори не е многу позната машина и  многу малку употребувана. Синпекс Битола се погрижи овој бренд да им го доближи на земјоделците во нашата држава, вели Оливер Лазаревски продукт специјалист вработен во оваа фирма.

Растресување на почвата и подобро искористување на влагата во почвата

Подривачот се користи за разбивање на почвата на длабочина од  50 – 60 см. Сите размислуваат дека кога би оделе на оваа длабина ќе имаат големи трошоци за обработка. За среќа овие подривачи и нивната ергономија на изведба  на самата машина е така направена што во тестирањата  од практична работа на терен е покажано дека со обработка на почвата со ваква длабина 50 -60 см има трошок на гориво исто како да е направено класично орање со 10% плус или 20 л на ха. Ваквата обработка на почва е економична и  пожелно е да се врши почесто. Со користењето на подривачи се врши подобро искористување на влагата во почвата.

-Подривањето е разбивање на горниот слој кој настанува со класичното орање. При оваа постапка  самиот плуг земјата ја врти спрема горната страна и за да може да ја преврти треба да се потпира на одредена длабина кај што сме орале и на тој слој каде што се потпира плугот  се јавува стаклен цврст слој низ кој тешко се пробива влагата. Спојувањето на  горната со долна влага во почвата  е голем проблем и заради тоа се врши разбивање на тој слој со подривачи, за да имаме растресита почва, а да не ја извадиме плодната почва на површина туку да си остане таму каде што си е.  На овој начин  само се обработува  пропустливиот дел на почвата, затоа се користат подривачите, објаснува  Лазаревски. Се врши  полесно спојување на подземните со површинските води и кореновиот систем на  растенијата може полесно да дојде до подземната влага.  Во спротивно доколку не се примени оваа постапка тогаш потрошувачката на гориво е многу поголема и може  да достигне до 40 л по ха, а тоа економски нема да биде исплатливо, додава тој.

Maschio Gaspardo располага со различна големина на подривачи со 3-5-7 работни тела и со механичка или хидраулична заштита, со или без ротор што овозможуваат  да се направи избор според потребите и можностите на земјоделскиот производител.

Maschio Gaspardo е една од најстарите италијански компании

Maschio Gaspardo е компанија чиј широк опсег на производи ја прават една од најголемите групации во светот што произведува  земјоделска механизација.

Преку 13 продажни филијали низ светот ги прават нивните производи да бидат подостапни на оние за кои се наменети. Над 2000 вработени лица и 80% продажба на странските пазари е само доказ за успесите на Maschio Gaspardo повеќе од 50 години, а сега со помош на Синпекс Битола овие производи се подостапни и за македонските фармери.

-Задоволни сме од постигнатите резултати кои се одлични. Растеме, а тоа се должи на широката  палета  производи. Секоја година се обидуваме  таа палета да ја зголемиме а  преку маркетинг да ја доближиме до оние за кои е наменета. Фирмата има над 2000 вработени и можам да кажам дека сме меѓу водечките  на светскиот пазар за продажба на земјоделска механизација, изјави за Зелена берза Филип Петровиќ експорт менаџер за бившите ЈУ простори како и за земјите од Западен Балкан.

Квалитетот на производите е тој што ги прави поразлични од останатите трговски марки на пазарот.

Потрагата по нови решенија од страна на голем тим техничари и синергиите изградени со некои од водечките меѓународни лидери во секторот гарантираат постојан технолошки развој на производите на Maschio Gaspardo. Континуиран  напредок во земјоделството е дел од филозофијата на компанијата која му носи успех.

П.Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close