вестиСоветиТоп вести

Палиш ли слама и стрниште? – Стануваш сам на себе – најголем непријател!

Живата почва е основа на земјоделското производство и се развива само со грижливо управување, односно е клуч на успехот за секое добро земјоделско управување. Со палење на остатоци од жетвата ја загрозувате микрофлората и фауната во делот на обработливиот слој од почвата (слојот кој се ора) и на тој начин се губи потенцијалната органска маса.

Дали знаете дека изразот „изгорена земја“ е назив за воена стратегија со која со текот на напредувањето или повлекувањето, намерно се уништува се што би можело да послужи на непријателот. Според Википедија, називот на стратегијата е добиен по тоа што во своите најрани облици, вклучувала палење на земјоделски насади, за непријателот да не може да ги користи како извор на храна.

Гледајќи ги нивите во последните неколку недели, може да се заклучи дека определени земјоделци се сами на себе најголеми непријатели. Вистина, никој не пали насади, но со палење на сламата се уништуваат оние кои ја прават земјата жива, плодна и самообновувачка, а тоа се микрофлора и фауна во делот на обработливиот слој.

Живата почва е основа на земјоделското производство

Палењето на остатоци од жетвата е најлошиот избор на земјоделецот. Најважни причини за тоа се: на тој начин, како прво се загрозуваат човечки имоти и животи, на пример, чадот кој доаѓа од нивите крај патиштата, може сериозно да ги загрози учесниците во сообраќајот на тој дел. Исто така, се загрозува дивечот и се загадува животната околина со чад.

Но, ако веќе мислите на другите, внимавајте и на себе и на својата земја која сака уште толку многу да дава принос за вас. Со палењето на остатоци од жетвата ја загрозувате микрофлората и фауната во делот на обработливиот слој од почвата (слојот кој се ора) и на тој начин се губи потенцијалната органска маса. Палењето е исклучиво дозволено само со цел да се спречи ширење или за уништување на некои штетници.

Живото тло е основа на земјоделското производство и се развива само со внимателно управување, односно е клуч на успехот за секое добро земјоделско управување. Прскањето со средства за заштита на билките, употребата на минерални ѓубрива, специјалните машини, хормоните и останатите средства со кои денес се служи модерното земјоделство, се само „штеките“ на кои се потпира производството. Тоа е воедно и доказ дека таквото земјиште е болно, според тврдењето на др. Рудолф Стајнер. Поради тоа, на такво болно земјиште не му треба уште и девастација со палење на остатоците од жетвата.

 Живи организми на почвата

А кои се живите организми?

Тоа се првенствено бактерии и актиномицети кои се околу 40% од живите организми. Важни се за растворање на материите и фиксација на азотот од воздухот. Актиномицетите имаат способност за разградување на соединенија, кои не може да ги разгради ниту една друга група на организми, како што се влакната, хитинот итн. Тие и даваат на земјата и „мирис на шумска земја“ .

Алгите и габите исто така сочинуваат околу 40% од организмите во тлото. Алгите, за разлика од останатите микроорганизми можат да извршат фотосинтеза и сами до го произведат потребниот шеќер, односно јаглерод. Габите главно живеат во киселите делови и специјализирани се за разградување на билните материи, особено оние кои се богати со лигнин.

Сите знаеме колку добробит за почвата имаат дождовните црви, кои сочинуваат околу 12% од живите организми во земјиштето. Црвите ги раситнуваат органските материии, воедно лачат калциум и така ги лепат честичките на глина и хумус во стабилен глинено-хумусен комплекс. Овој производ е видливи и во облик на купчиња и неправилни грутки кои се изнесуваат на површината од земјиштето. Во добрите почви на квадратен метар до 30см длабочина може да се пронајдат преку стотина вакви организми. Поради изразено корисната работа која ја вршат, во определени литератури се наречени и „кравички на почвата“.

Ситните животинчиња кои ги нарекуваме мезофауна сочинуваат околу 3% од живите организми во почвата. Имаат разновидни улоги, но секогаш поврзани со разградување на органски материи.

Слична улога имаат и поголемите животинчиња, макрофауна, кои сочинуваат 5% од живите организми во почвата, а во нив ги вбројуваме пајаците, стоногалките, мравките, полжавите, кртиците и други кои и тоа како, имаат своја задача, бидејќи инаку не би опстанале.

Секој ораганизам има своја задача во почвата

Сите овие организми би требало да бидат во рамнотежа, која е веќе нарушена со употребата на хемиски средства и затоа е важно да дозволиме она што ќе опстане да си ја врши својата задача на земјата и во неа. Освен што се хранат со мртви органски материи, некои од овие организми се и предатори, што значи дека и меѓу нив постои ланец на исхрана и силна борба за опстанок.

Значи, сите овие организми имаат определена задача во почвата. Најважните се:

–          Раситнување на млади органски материи со што се зголемува површината достапна за „нападот“ на микроорганизмите;

–          Понатамошно разградување (минерализација) на органските материи;

–          Претворање на органски соединенија во хумусни;

–          Мешање, транспорт и поврзување на органскиот и минералниот дел од почвата;

–          Транспорт на микроорганизми во земјиштето;

–          Создавање и одржување на порите во земјиштето, што е значајно за доставата на вода и кислород;

–          Складирање на минералите

Со палењето губите 5 до 7 тони органска маса по хектар

Поради се ова жетвените остатоци треба да ги вратите во почвата. Всушност, денес во почвата се враќаат многу малку хранливи материи, како што е на примердобиточното ѓубриво. Односот на сламата и зрната кои го претставуваат приносот е воглавно 1:1. Пресметувањата покажуваат дека палењето на сламата и стрништата претставуваат губиток од околу 5 до 7 тони органска маса по хектар!

Според истражувањата, на еден хектар земјиште со среден квалитет во длабочина од пет до дваесет сантиметри, се наоѓаат околу 140 кг алги и околу 10 000 кг различни габи и бактерии. Исто така, на еден хектар земјиште со ист квалитет и наведената длабина на земјишниот слој, наоѓаме околу 4200 кг црви и други безрбетници. Кога ќе се земат предвид сите наведени параметри на флора и фауна, сметајќи го и разградувањето на био масата, вкупната количина на живи организми важни за одржување и опстанок на природната плодност на земјиштето изнесува околу 25 000 кг по хектар, предупредува дипломираниот ижинер агроном Љубомир Дувњак.

Ако добро прочитавте, веројатно разбравте дека не треба да ги палите остатоците од културите после жетвата, затоа што со тоа правиме долгорочна и неповратна еколошка штета на земјиштето и околината. „Огнот е добар слуга, но лош господар“, претставува стара народна поговорка, која ќе се согласите, соодветна е и во случаите на палење на жетвените остатоци. Затоа, треба да бидеме добри господари кон земјата која нас не храни.

Валентина Соколовска

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close