fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Маслиново масло драстично скапо, салатата ќе се зачинува „капка по капка“

Литар маслиново масло добиен од семки и од лушпи во домашните маркети стигна до 300 денари, истиот производ во стаклено шише веќе се продава по цена од 600 до 700 денари

Литар маслиново масло добиен од семки и од лушпи во домашните маркети стигна до 300 денари, истиот производ во стаклено шише веќе се продава по цена од 600 до 700 денари, а екстра девичанското масло надмина 900 денари за литар. За среќа па годишната потрошувачка на овој вид масло е само 1,5 литри и македонските семејства во кујната го користат она од сончоглед. Македонија увезува најмногу маслиново масло од Грција и Италија, а нешто помали количества од Шпанија, Турција и Албанија, но трговците за „Слободен печат“ велат дека есенва се најавува ново поскапување на овој производ, поради лошата сезона на грчките маслинкари, кои најавија дека годинава ќе имаат 100 илјади тони помалку маслинов зејтин поради климските промени.

Грција најверојатно ќе произведе околу 200.000 тони маслиново масло оваа година, по минатогодишната жетва од над 300.000 тони, изјави Јоанис Камбурис, производител во регионот Коринтија на североисточниот Пелопонез, цитиран од независниот Oлив Оил Тајмс. Причини за падот се топлото време, ниското ниво на плодност и појавата на вински мушички. Овошните мушички се исто така значајна закана во регионот на Лаконија, Јужен Пелопонез, изјави Јоанис Ралис од локалната дирекција за аграрна економија. Во меѓувреме, на островот Крит експертите предупредуваат на една од најлошите жетви на маслинки во историјата на островот, јави БТА.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close