Додека е сезона на јорговани да го поставам рецептот :) Мирисот на јоргован е еден од најубавите мириси. Го обожавам и мирисот на зумбулите. Посакав малку подолго да го имам и помислив на масло од јоргован. Шеќер беше скептичен, може не се правело, може не го бивало, но затоа имаме интернет и една предебела книга за билки. Малку од овде, малку од таму, испадна дека јоргованот не е само за украс и гледање, класична манекенка без памет :D, туку има и голема улога во здравјето на човекот. Главната примена на цветот од јоргован, т.е маслото од јоргован е за намалување на болки од реума. Кората на дрвото од јоргован и лушпите на плодот се користат за лечење од маларија, за црн дроб (против некроза), лечење на дијареја, одстранување на глисти од цревата.... МЕТФОРМИН е лек кој се добива од јоргованот (одредени видови на јоргован) и се користи за лечење од дијабетис тип 2 и за лечење и превенција на тумори и канцерогени состојби. Во клиничко истражување е забележано дека опитните глувчиња кои добивале метформин во храната имале 57% помалку тумори на црниот дроб од оние кои не добивале метформин во храната. Големината на туморите се намалила за 37%. Изненадени како и јас,нели? :) Сепак, пред употреба на јоргованот како лек, прочитајте убаво или советувајте се со стучни лица. Секој лек кој не се користи на вистинскиот начин, може да биде и отров. Ајде сега да се вратиме на едноставните и убави работи како мирис, масло, масажа, намалување болки од реума .... Во стаклена тегла ставете ги цветовите од јоргованот. Прелејте ги со маслото, затворете ја теглата и оставете на Сонце три недели. Потоа прецедете го маслото, складирајте го во стаклен сад (шише, тегла, то ви одговара) и користете го по потреба и желба. ВАЖНО!! НЕ ГО ОТВАРАЈТЕ додека не изминат трите недели. Доколку го отворите, ќе потемнат ливчињата и нема веќе да мириса убаво. Ќе почне да смрди :( Толку :)