fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Шумското производство помало за пет отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година, во однос на второто тримесечје од 2019 година, е намалено за 5.0 %.

 

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 128 775 м3 и бележи зголемување за 3.9 %.

Слични написи

Back to top button
Close