fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Маж и жена од Кочани завршија во болница откако јаделе печурки

Симптомите на труење им се појавиле два три часа по ручекот по што побарале и лекарска помош.

Maж и жена од Кочани попладнево завршиле на токсикологија oткако јаделе печурки.

Ги консумирале печурките кои ги собрал мажот. Симптомите на труење им се појавиле два три часа по ручекот по што побарале и лекарска помош. Пациентот не знаел дека се отровни бидејќи, како што им кажал на медицинските лица бил добар познавач на овие плодови, објави Сител.

Случај со труење со печурки имаше во соседството. Осум од девет лица кои беа згрижени на Воено-медицинската академија во Белград (ВМА) поради труење од печурки купени на пазарот во Шабац се во тешка состојба.  Полицијата ја приведе 72-годишната Марија Г. Кај Шабац затоа што е осомничена дека продавала отровни печурки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close