Медот на Игор Најдов од кавадаречко Конопиште се враќа со освоено злато на меѓународен натпревар
Голем златен медал освои медот медлика на Игор Најдов од кавадаречко Конопиште на меѓународен натпревар кој се одржа во Нови Сад.
Голем златен медал освои медот медлика на Игор Најдов од кавадаречко Конопиште на меѓународен натпревар кој се одржа во Нови Сад. Тој вечерва појасни за МИА дека станува збор за натпревар во рамките на земјоделски саем.
-МОСТРИ ОД МЕД СЕ ПРИМАА ДО 24 МАЈ. ДЕНЕСКА БЕА ОБЈАВЕНИ НАГРАДЕНИТЕ. ТОА Е ВСУШНОСТ НАЈСТАР ВАКОВ НАТПРЕВАР НА БАЛКАНОТ И СЕ ОДРЖА ПО 88 ПАТ. НА НАТПРЕВАРОТ ИМАШЕ ПРЕКУ 150 УЧЕСНИЦИ СО НИВНИ МОСТРИ МЕД. ИМАШЕ ДУРИ И АМЕРИКАНСКИ НАТПРЕВАРУВАЧИ. МЕЃУ НИВ, УЧЕСТВУВАА И ОКОЛУ ДЕСЕТИНА МАКЕДОНСКИ ПЧЕЛАРИ, САМО ЈАС БЕВ ПРЕТСТАВНИК ОД КАВАДАРЦИ, ИНФОРМИРАШЕ НАЈДОВ.
Тој соопшти дека изминативе две години добил признание за најдобар мед и на македонски натпревар, а освоил и три златни медали минатата година на натпревар во Тузла, во Босна.https://www.vecer.press/