fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Хаос во Германија, илјадници земјоделци со својата механизација ја парализира државата

Видео од протестот

Понеделникот во Германија почна со протести на земјоделците кои се противат на укинувањето на субвенциите.

Блокади на автопати, колони од автомобили и сообраќаен метеж, тоа е сликата со која Германија се разбуди денеска.

Денеска практично голем дел од Германија нема да функционира нормално. На патиштата ќе има илјадници трактори – во протестот што германските земјоделци го најавуваат како најголем во историјата.

Таблоидот Билд објави мапа со градови и автопати чии блокади се најавуваат – списокот е долг. Надлежните ги повикаа граѓаните да користат железнички превоз и да се откажат од возењето. Работодавците им кажуваат на луѓето да работат од дома каде што е можно, а училиштата ќе го оправдаат отсуството на децата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close