fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Меѓународен саем на земјоделска механизација ЕИМА 2018, Италија

 

Последните достигнувања на машини за земјоделство и градинраство можеа да се видат на големиот меѓународен саем ЕИМА  2018 што се одржа во Болоња, Италија. Станува збор за втор по големина саем во Европа каде со свои производи се претставуваат најголеми светски производители на земјоделска и приклучна механизација.

 

Меѓународниот саем ЕИМА 2018 ги руши сите досегашни рекорди по бројноста , како на посетители така и на изложувачи.

 

 

„Меѓународниот саем ЕИМА  е втор по големина саем од ваков вид. На едно место може да се видат достигнувањата на најголемите светски производители на земјоделска механизација. Синпекс ДОО Битола секогаш ги следи ваквите големи  собири, со цел да  ги дознае  последните достигнувања  во оваа сфера и да им помогне на  земјоделските производители во државата да бидат во чекор со времето, вели Стевче Гроздановски, комерцијалист вработен во Синпекс Битола. Болоња  е регион во Италија познат по овоштарството па не случајно на саемот е ставен акцент на машини за овоштарството. Ја продлабочуваме соработката со италијански компании со цел да им ги доближиме на нашите земјоделци најновите модели на земјоделска механизација. Имаше многу изложувачи,  а и посетители. Штандот на Џон Дир, за кој сме единствени застапници за Македонија, беше меѓу најголемите. Разновиданата механизација од овој бренд секогаш го привлекува вниманието, така што беше еден од најпосетуваните штандови на саемот“, додава Гроздановски.

 

 

 

Меѓународниот саем ЕИМА во Болоња се одржува на секои две години.

Павлина Јовановска

Слични написи

Back to top button
Close