fbpx
Вести

Мелничари бараат итно укинување нa новата мерка при увоз на пченица

Мелничарите бараат итно поништување на новата мерка при увоз на пченица, односно зголемување на висината на надоместокот за фитосанитарната анализа при увоз.

melnichari baraat itno ukinuvanje na novata merka pri uvoz na pchenica

 

Co ова зголемување на цената кое важи од 2 август, надоместокот ќе изнесува околу 12.600 денари по камион при одобрување влез на увезена пченица во земјата и уште толку при царинење, или вкупно 25.200 денари.

Тие велат дека со оваа мерка, цената за фитосанитарната анализа при увоз само на пченица (брашното не е опфатено) е зголемена за 833 проценти, што е спротивно и на правилата на ЦЕФТА и на СТО.

Мерката била донесена од страна на Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство без претходни консултации со претставници од индустријата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close